23.02.2013

SUBARU КАРАВАН 2013

На 23.02.2013 година во организација на Subaru Fan Club Macedonia се одржа Subaru Caravan, кој покрај дружењето беше искористен за предпремиера и пробно возење на новиот модел на Subaru XV.
Покрај пробното возење учесниците имаа можност да уживаат во убавините на манастирскиот комплекс Св. Троица во селото Скачковци, Кумановско каде топло бевме пречекани од  домаќините.  Учесниците добија податоци за манастирот, кој е изграден во 13 век и претставува силно обележје на христијанството во регионот.

Subaru караванот се реализираше на патеката: Скопје - Куманово - Скачковце - Куманово – Скопје

 

Членовите на клубот имаа можност да учестваат во ова дружење со своите Subaru возила. Покрај возењето во караванот, тестирањето на можностите на новиот Subaru XV, членовите имаа можност да разменат по некое индивидуално искуство - што е тоа што го прави Subaru поразличен од се што може да се најде на пазарот. На крајот дружењето заврши во Штип со традиционалната пастрмајлија, каде повторно се прераскажуваа доживувањата на членовите на клубот и нивните миленици на четири тркала.

Напис во магазинот AUTOPLUS

 

Сите дополнителни информации околу клубот, членството, бенефитите кој што им се достапни на членовите од генералниот импортер Субару Толту, активностите, презентациите, можат да се добијат во продажниот салон на Субару-Толту или на facebook – Subaru MK.

 

Со почит,

Subaru Fan Club Macedonia


001 002 003 004 005 006 007 008 009 010 011 012 013 014