29.06.2011

Голем интерес за WRX STI по победата на 24-часовната трка на Нирбургринг

"24 часа на Нирбургринг" е една од најголемите автомобилски трки во светот. Натпреварот се одржа во периодот 23-26 јуни 2011 година на патеката Нирбургринг (25.378km), лоцирана во холмист регион во Западна Германија. SUBARU WRX STI, возило развиено од Subaru Tecnica International Inc (STI) се натпреваруваше во класа SP3T за автомобили со турбо мотори под два литри. WRX STI ја заврши 24-часовна трка без никакви проблеми или несреќи и се пласираше на 21 место во вкупниот пласман и освои прво место во својата класа. Трката помина како што беше планирано, и се се одвиваше совршено.

Со повеќе од 210 возила на стартот, 24-часовната трка во Нирбургринг е позната по големиот бројот на натпреварувачи и тесната патека, која минува низ шумски предел. SUBARU WRX STI своето деби во ова натпреварување го имаше во 2008 година Од првата трка во Нирбургринг, целта на SUBARU е победа и постојано подобрување на резултатите. Автомобилот за оваа година беше изградена врз основа на WRX STI. По резултатот од минатата година - 4-ти во својата класа, оваа година на 14 мај тимот се вклучи во 6 часовното натпреварување VLN за издржливост, на истата патека во Нирбургринг. На овој краток настан пилотите имаа можност да се запознаат со новата кола и патеката. Што се однесува до пилотите, зад воланот на WRX STI, тимот ги задолжи Тошихиро Јошида, кој има долгогодишно искуство во оваа трка, како и Карло ван Дам од Холандија и Марсел Енгелс од Германија, кои се приклучија на тимот минатата година. Како четврти возач тимот го ангажираше Кута Сасаки - квалификуван SUPER GT возач.

Трката започна на влажна патека на 25ти во 16:00 часот.Стартува од шестата позиција во својата класа, WRX STI се искачи неколку места, за да го превземе лидерство уште во првиот час.Мократа површина подоцна се исуши, но тоа не го спречи SUBARU да ја задржи челната позиција до крај на трката. Автомобилот помина вкупно 142 круга, што е околу 3,603.7 километри. Хидехару Татсуми од SUBARU рече: "овој пат, целта беше да се бориме против најдобрите автомобили во светот, со автомобил изработен од SUBARU и да победиме. Многу сум задоволен што ја постигнавме таа цел. Во состојба сме да докажеме дека насоките во создавањето на спортски автомобили од Subaru Tecnica International не се грешни. надевам дека успешно ја пренесовме нашата порака дека STI автомобилите даваат задоволство на што е можно повеќе сопственици на SUBARU ".