10.08.2011

Tokyo, August 10, 2011 - Најавена официјалната светска премиера на Subaru XV.

Fuji Heavy Industries Ltd. (FHI), творецот на Subaru, најави дека следи промоција на комплетно новиот Subaru XV. Светската премиера е закажана на 64 Frankfurt Motor Show во септември 2011 година.
Новиот модел ќе биде претставен на Subaru прес-конференцијата, закажана во 09:30 на 13 септември.

Subaru XV ja дефинира новата генерација на Subaru crossover автомобилите. Subaru XV претставува производствената верзија на концептот Subaru XV, концепт кој што беше претставен во април минатата година на Shanghai motor show. Концептот ги доби најпозитивните критики на глобално ниво благодарение на својата карактеристична и трендовски дизајнирана силуета, кој што претставува хармонична мешавина на робусен кросовер и урбана сликата спакувана во елегантен пакет.
Subaru преку слоганот "Confidence in Motion", секогаш инспириран од довербата на своите клиенти и заложбата за "совршен инженеринг” продолжува да обезбедува максимално "уживање и спокој" во сите Subaru производи.



subaruxv1 subaruxv2 subaruxv3 subaruxv4