02.09.2011

Субару со поддршка на македонските хокеари

Толту, претставникот на Субару во Македонија ќе биде еден од помагателите на македонската хокејарска репрезентација која викендов во Софија игра квалификации за пласман на СП во Германија в година.

Логото на Субару ќе биде на дресовите на македонските хокеарска репрезентација. Се работи за хокеј, но, не на мраз туку со ролерки.

Досега македонските хокеари тренираа на плочник зад Соборниот храм во Скопје, единствената помош ја имаа од СЦ “Борис Трајковски” каде ги имаа “сувите тренизни”, а се користеа и руските тренери што беа дојдени во Македонија, како дел од програмата за развој на хокеј на мраз.

Најголемиот дел од правилата се слични како и во хокеј на мраз, освен што нема бодичек, пакот е поинаков и полесен, а димензиите на игралиштетот, опремата и головите се исти, а наместо три дела по 20 минути се играат четири дела по 12 минути.

Екстерен линк (tocka.com.mk)