22.09.2011

Нов играч во класата на компактните кросовери - Subaru XV...

Тој не само што го зазема местото на Impreza XV, туку влегува во сосема нова класа возила, за првпат во историјата на марката. Надворешниот изглед е сосема нов, а подигнат е над тлото за цели 22cm. Под хаубата можат да се најдат два бензински мотори од 1,6 и 2 литри, како и добропознатиот Boxer дизел, кои одлично ја придвижуваат каросеријата со големина 4450 x 1780 x 1570 mm и меѓуосовинско растојание од 2645 mm.

Автомобилот е опремен и со Stop&Start системот на Subaru, како и со опционен безстепен пренос- CVT, на секаде присутниот погон на сите тркала на Subaru. И безбедноста е на високо ниво- со сериски 6 воздушни перничиња, плус дополнително за колената на возачот, како и сериски ESP во сите модели.

Ентериерот е исто така одличен, за што пред се е одговорен новиот infotainment систем со 4,3 инчен дисплеј.