26.09.2011

Со лансирањето на XV, јапонскиот премиум производител навлегува во нов пазарен сегмент



Направен на основа на новата Impreza, кросоверот со модерни линии го засилува присуството на марката во новосоздадениот сегмен, кој допрва треба да се афирмира. Робусниот изглед е надополнет со растојание од подлогата од дури 220 mm, со што возилото долго 4,45 и високо 1,57 метри ветува дека лесно ќе се справи и со поблагите теренски предизвици. Во тоа не треба ни да се сомнева, бидејќи погонот на сите четири тркала, нормално, му е дел од семејната определба. Во Европа ќе биде на располагање со познатите боксер мотори - два бензински од 1,6 и 2,0 литри со 114 и 150 KS и еден дволитарски дизел со 147 KS, на кои друштво ќе им прават старт-стоп системот и мануелните пет или шестстепени менувачи и опционалната безстепена CVT трансмисија.