СУБАРУ КЛУБ МК

Компанијата Толту, Вашиот докажан Субару партнер, во соработка и под надзор на Субару Јапонија, реши да оформи СУБАРУ КЛУБ МАКЕДОНИЈА.
Целта на Субару Клуб МК е да ги собере вистинските љубители на автомобилите Субару и тие преку заеднички дружења во рамките на клубот, да развиваат специфични контакти со кои ќе го зајакнуваат духот на посебноста на оваа голема марка и разменувајќи свои доживувања и искуства, ќе го зајакнат задоволството од управувањето и поседувањето на единствените Субару автомобили.

 

Субару Клуб МК ќе ги организира овие активности за своите членови:

  1. ќе организира посети на културно историските споменици низ нашата држава и секоја таква посета ќе заврши со взаемно дружење во рамките на некој убав угостителски објект во близина;
  2. ќе организира посети на културно историските знаменитости во соседните земји (Рилски манастир во Бугарија, Метеорите во Грција, Манастирите во Косово итн...);
  3. ќе организира Ски викенди во блиските ски центри во соседството (Банско и Боровец во Бугарија, Копаоник и Стара Планина во Србија...);
  4. ќе организира големи Ски Каравани во Француските Алпи...;
  5. ќе организира Субару Караван до Париз - Франција, со посета на Парискиот Автомобилски Салон...;
  6. ќе организира разни интересни манифестации што ќе бидат предложени и прифатени од членовите на клубот.

 

СУБАРУ КЛУБ МК ќе избере свој Претседател и Секретар и тие ќе се грижат за остварување на дејностите на Клубот.

Клубот ќе собира симболична годишна членарина од 500,00 денари по член, главно за административни трошоци. клубот ќе издава членски книшки (картички) за своите членови и со нив членовите на клубот ќе имаат попуст од 20% на сервисните услуги во сервисот Толту.

 

Клубот останува отворен за сите активности што ќе ги предложат неговите членови.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КЛУБОТ!