31.01.2012

Subaru одбележува 40 години симетричен погон на сите тркала со системот AWD

Fuji Heavy Industries Ltd. (FHI), производител на автомобилите Subaru објави дека оваа година се одбележуваат 40 години од дебито на Subaru All-Wheel Drive (Погон на сите тркала). Оваа технологија прво е имплементирана во моделот Subaru Leone Estate Van 4WD во 1972 година во Јапонија. Во последните 40 години FHI бил и продолжува да биде водечки производител на автомобили со погон на сите тркала. Вкупното производство * 1 на возилата со систем Subaru All-Wheel Drive достигна до 11 782 812 единиици (на 31 Јануари 2012 год.). Тоа е приближно 55,7% од вкупната продажба на автомобили Subaru.

Системот за погон на сите тркала (AWD) обезбедува ефикасно адхезија, преку балансирано пренесување на силата на моторот на четирите тркала. Комбина- цијата Symmetrical All Wheel Drive (SAWD) претставува со хоризонтално поставен Boxer мотор, преносот е надолжно симетрично поставен, а се наоѓа зад предната оска во меѓуоскиното растојание. Со вакавата распределба се оптимизира балансот на масите на автомобилот и надолжно и попречно. Така се добива максимална стабилност на возилото на коловозот во секакви услови. SAWD придонесува за исклучителна стабилност при високи брзини во свиоците. Оваа концепција на технологијата на Subaru ја нагласува посветено- ста на инжинерите на Subaru во областа на безбедноста и задоволството во возењето. Преку постојан развој во последните 40 години, FHI ја усовршува AWD технологијата: од технологија кој служи за надминување на тешки терени до уникатна технологија која постигнува високо ниво на стабилност во дождовни и снежни услови или при големи брзини. Subaru AWD системот му овозможува на секој модел Subaru да го открие својот карактер. Најновата технологија вклучува управување со погонот на четири тркала, што обезбедува сигурно и прецизна кохезија на сите тркала постојано. Ова искуство во областа на погонот на четири тркала придонесува во развојот на автомобили со преден и заден погон, зголемувајки го задоволството во возењето.
1 * FHI нуди "Задоволство и спокој" во своите возила со мотото на Subaru "Доверба во движење", претставувајќи ги своите уникатни технологии.



Subaru Symmetrical AWD системи

• VTD * 2-AWD: електронски контролиран систем AWD со спортски дух и подобрени каракеристики во свиоците. Компактниот AWD систем на погон, кој комбинира централен електронски контролиран диференцијал со ограничено лизгање (LSD) со хидраулична спојка * 3. Нерамномерната 45:55 распределба на вртежниот момент меѓу предната и задната оска постојано се менува, преку употреба на диференцијалот со ограничено лизгање со повеќедискова спојка. Распредел- бата на вртежниот момент се контролира автоматски се зголемува до 50%: 50% во однос предни/задни тркала, со цел да се прилагоди кон условите на патот за постигнување на максимална стабилност. Со распределбата на вртежниот момент со акцент на задните тркала се засилуваат динамични карактеристики на автомобилот при вртење, што дава можност за агресивен и спортски дух на возење.
Понудени модели (Јапонски спецификации)
Legacy 2.5GT (AT), Outback 3.6R EyeSight, Exiga 2.0GT, WRX STI A-Line (AT)
* 2 VTD: Variable Torque Distribution (променлива распределба на моментот)
* 3 LSD: Limited Slip Differential (диференцијал со ограничено лизгање)

• AWD систем со активно распределување на вртежниот момент: Електронски контролиран AWD систем со јасна определба кон постигнување на минимална потрошувачка на гориво и максимална стабилност. Развојот на SUBARU на електронски контролирани MP-T (Multi Plate Transfer – многодисков механизам за распределба) активно го распределува вртежниот момент кон предните и задни тркала во реално време во зависност од условите на возење. Во нормални услови, системот го распределува погонот во однос предни/задни тркала - 60%: 40%. Оваа конфигурација користи во највисок степен предностите на AWD систем, обезбедувајќи стабилност и управливост на возилото без оглед на вештините на возачот во сите ситуации на патот.
Понудени модели (Јапонски спецификации)
Legacy / Outback 2.5i, Exiga 2.0i, Forester (AT), Impreza (Lineartronic)

• AWD систем со централен диференцијал: Механички AWD систем за автомобили со рачни менувачи. Овој систем е комбинација од централен диференцијал со блокада и диференцијал со ограничено лизгање. Во нормални услови распределбата на вртежниот момент е 50%: 50% напред и назад. Овој систем овозможува стабилно и спортско возење со обезбедување на максимална можна кохезија на возилото со патот.
Понудени модели (Јапонски спецификации)
Legacy (MT), Forester (MT), Impreza (MT)

• Повеќережимски DCCD * 4 AWD систем: конфигурација на системот AWD, наменет за автомото спортови. Електронски контролиран AWD систем со DCCD централен диференцијал е комбинација од целосно мехнично контролиран диференцијал со ограничено лизгање, кој го контролира вртезниот момент и електронски го контролира диференцијалот со ограничено лизгање. Распределбата на времето во однос на преден: задни тркала е 41%: 59% за постигнување на оптимален динамична контрола на возилото. Механички контролиран диференцијал со ограничено лизгање е чувствителен и реагира побрзо при промената на вртежниот момент и се активира пред електронски контролиран LSD Системот управуван од вртежниот момент од висока вредност и истовремено демонстрира одличен баланс помеѓу динамика и стабилност на возилото. За електронски контролиран LSD се развиени режими како за автоматски, така и за мануелна контрола од возачот, кои можат да бидат избирани, во зависност од ситуациите на патот.
Понудени модели (Јапонски спецификации)
WRX STI (MT)
* 4 DCCD: Driver `s Control Center Differential - Централен диференцијал со контрола од возачот