11.02.2012

Subaru Fan Club Macedonia - еднодневно дружење во кумановскиот регион

Во организација на Subaru Fan Club Macedonia, на ден 11.02.2012год. се одржа еднодневно дружење во кумановскиот регион.

Предвидената турата содржеше:

    •  Поаѓање од пред салонот на Субару Толту 09:30ч.
    •  Посета на локалитетот Пелинце
    •  Ручек во Етно Село
    •  Враќање во Скопје

 

Членовите на клубот земаа учество во ова дружење со дванаесет возила Субару, кој им пркосеа на сибирските услови. Покрај тестирање на можностите на своите возила, членовите имаа можност да разменат и по некое индивидуално искуство и на гостите кој што се членови на нашиот клуб, а не се сопственици на возило од марката Субару во реални услови да им доловат што е тоа што го прави Субару поразличен од се што може да се најде на пазарот.
Subaru Fan Club Macedonia, во својата агенда има забележано најмалку по еден ивент месечно од ваков карактер.

 

Сите дополнителни информации околу клубот, членството, бенефитите кој што им се достапни на членовите од генералниот импортер Субару Толту, активностите, презентациите, можат да се добијат во продажниот салон на Субару-Толту или на facebook – Subaru MK.

 

Со почит,

Subaru Fan Club Macedonia


001 002 003 004 005 006 007 008 009 010 011 012 013 014 015 016